Проектот на оваа вила крај езеро во Тексас го потпишува американското студио Alterstudio Architecture, кој е интересен пред сè поради извонредната интеграција на ентериерот и екстериерот. Вилата има 550 метри квадратни и комплетно се претопува со својата околина.
Односот на архитектите кон природата е прекрасен: тие не само што се стремат да ја зачуваат целата висока вегетација на локацијата, туку таа станува и дел од самата куќа.
Така на тремот е оставена дупка во покривната плоча, така што стеблото се пробива низ куќата и може да ја развива својата крошна над кровот и да обезбеди и ладовина при високи температури.
Светлите дрвени даски со кои е обложена терасата, уште повеќе ја потенцираат потемната кора на двете дрвја.
Што се однесува на ентериерот, тој е потполно складен. Опремен со дизајнерски парчиња на мебел и осветлување од познати дизајнерски имиња, како што е лустерот на Sergea Mouillea.