Македонската градежна оператива во првите девет месеци од годинава склучила договори за градежни работи во странство во износ од 6,22 милијарди денари, што е за 26,8 отсто повеќе во споредба со овој период од претходната година, соопшти Државниот завод за статистика.
Во овој период во странство се извршени градежни работи во вкупна вредност од 834 милиони денари или за 32,1 отсто помалку во споредба со лани.
Зголемен обем на извршените градежни работи има во Италија, Хрватска, Швајцарија, Бугарија и Србија, додека на другите пазари е регистриран намален обем, а како нови пазари се јавуваат Косово, Австрија, Албанија и Црна Гора.