Насловна / Вести / Македонија и Косово заеднички ќе бараат пари од ЕУ за инфраструктурни проекти

Македонија и Косово заеднички ќе бараат пари од ЕУ за инфраструктурни проекти

Dalekovod

Македонија и Косово заеднички ќе бараат средства од европските фондови за ново енергетско 400-киловолтно поврзување меѓу двете земји, за реализација на патните правци Тетово – Призрен, Скопје – Блаце, како и за железничко поврзување на Белград преку Приштина и Скопје со Солун и Истанбул.

Ова е договорено на денешната средба во Скопје меѓу министерот за економија Беким Незири и косовскиот министер за економски развој, Фадил Исмаили која, како што беше речено, е резултат на договорот на неодамнешните средби на земјите од Западен Балкан во Берлин и Будва на кои беше посочено дека соработката на земјите во регионот е клучна за наапредокот.

– Реализацијата на овие инфраструктурни проекти ќе помогне многу за развој на економиите на двете земји, но и за економиите на регионот, па дури и пошироко во Европа, – рече Незири.

Косовскиот министер Исмаили посочи дека од реализацијата на овие проекти двете држави ќе имаат огромни продобивки.

– Сите држави во реионот имаат проблеми со ниската маргина на јавниот долг и реализацијата на поголемите инфраструктурни проекти претставува реален проблем. Затоа ќе бараме поддршка од ЕУ, како што и досега сме барале за нивна реализација, – рече Исмаили.

 

Испрати коментар

Scroll To Top