Насловна / Вести / Чистење на коритата на Вардар и Серава

Чистење на коритата на Вардар и Серава

cistenje-korito-na-Vardar-juli-2013-7

Град Скопје денеска соопшти дека реката Вардар се чисти на локација кај Вардариште во општина Гази Баба.

Екипи на Јавното претпријатие „Улици и патишта“ интензивно работат на чистење на коритата на реките Вардар и Серава.

„Досега комплетно се исчистени околу 600 метри. Од коритото на реката Вардар машински се извадени околу 3.200 метри кубни наноси на земја, разновиден комунален отпад, градежен шут и вегетација, која откако ќе се просуши ќе се транспортира до локација за одлагање“, соопшти Град Скопје.

Машински и рачно било чистено и коритото на реката Серава од мостот на булеварот „Словенија“ до Римскиот Аквадукт во должина од 720 метри. Од коритото на реката Серава и од околината се исчистени околу 5.000 кубни метри разновиден комунален отпад, наноси на земја, вегетација и комунален шут.

Испрати коментар

Scroll To Top