Насловна / Вести / Европарламентот им дозволи на земјите-членки на ЕУ да забрануваат одгледување на ГМО-храна

Европарламентот им дозволи на земјите-членки на ЕУ да забрануваат одгледување на ГМО-храна

GMO

Земјите-членки на Европската унија ќе може во иднина да забранат одгледување на Генетски модификувана храна (ГМО) на својата територија, јави дописникот на МИА од Брисел. Комитетот за околина, јавно здравје и безбедност на храната при Европскиот парламент, денеска со 53 гласа за и 11 против ја изгласа можноста ЕУ-земјите да го ограничат или воопшто целосно да забранат производство на ГМО-храна.

Со оваа одлука на европскиот законодавен дом, која треба да биде потврдена и на пленарна седниа на Европарламентот, паднаа во вода надежите на големите компании да одгледуваат и произведуваат Генетски модификувана храна во земјите-членки на ЕУ што тоа не го сакаат.

Членките на ЕУ имаат различен однос кон ГМО, чија употреба биотехничките компании агресивно ја промовираат иако нивното влијание врз околината се уште не е истражено.

ГМО пченката ја сочинува една петина од посевите во Шпанија, додека Германија и Франција строго го ограничуваат производството на ГМО.

Испрати коментар

Scroll To Top