Во септември годинава издадени се 264 одобренија за градење што е за 118,2 отсто повеќе во однос на тој месец лани. Предвидена е изградба на 448 станови, со вкупна корисна површина од 38.500 метри квадратни, соопшти Државниот завод за статистика.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 3.939.191 илјади денари што е за 22,1 отсто помалку во однос на септември претходната година.
Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 176 или 66,7 отсто се наменети за објекти од високоградба, 29 односно 11 отсто за објекти од нискоградба и 59 (22,3 проценти) за објекти за реконструкција.
Од вкупно 264 објекти, на 198 (75 проценти) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 66 објекти (25 отсто) инвеститори се деловни субјекти.