Градоначалникот на Белград, Синиша Мали, францускиот премиер Мануел Валс и премиерот на Србија Александар Вучиќ, потпишаа вчера Меморандум за разбирање за изградба на метро во Белград
Градоначалникот притоа истакна дека изградбата на метрото е еден од најголемите развојни проекти на градот и дека оваа Споогодба за разбирање со француската влада ја потврдува стратешката определба на градот и на Србија, Белград да добие метро во наредните три и пол години.
Мали додаде дека Белград сака одлуката за метрото да ја донесе врз основа на вистински и реални параметри и заедно со владата на Србија да најде соодветни модалитети за финансирање.