Насловна / Вести / Изградба на фекален колектор за локалитетот Сончев Град

Изградба на фекален колектор за локалитетот Сончев Град

132363992

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и градоначалниците на Скопје, Кисела Вода и Сопиште, Коце Трајановски, Билјана Беличанец – Алексиќ и Стефче Трпковски извршија увид на градежните работи за изградба на фекален колектор за локалитетот – Сончев Град на крстосницата меѓу булеварите „Србија“ и „Видео Смилевски Бато“.

– Колекторскиот систем ќе се протега од реката Вардар па се до населбата Сончев  Град и ќе ги поврзе општините Сопиште, Кисела Вода и Аеродром. Се работи за мрежа од 13 километри, инвестиција во висина од 5 милиони евра кои дел ќе се обезбедат од буџетот на Министерството за транспорт и врски, а дел преку Програмата за рурален развој, истакна Јанакиески и додаде дека овој колекторски систем, ќе го користат околу 130.000 граѓани.

Градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски најави и нов колекторски систем за кулите Џевахир кои треба да бидат пуштени во употреба до средината на наредната година. Градот деновиве, додаде градоначалникот Трајановски, треба да објави тендер за изведувач на проектот за колекторски систем, за да биде комплетно завршен до март наредната година.

132363987
За градоначалничката на Кисела Вода Беличанец – Алексиќ овој проект е од  големо значење бидејќи, како што рече се одвива по две траси односно од Сопиште по улицата „Сава Ковачевиќ“ до булеварот Србија и втората траса Усјанскиот канал.

– Во иднина, ние како општина, со постоењето на овој примарен колектор ќе можеме да изготвуваме проекти за секундарните мрежи во опфат на повеќе населби, пред се село Усје, Градинар, Пинтија, Стаклара и Припор каде се работи за околу 13.000 жители, домаќинства што се уште користат септички јами, нагласи Беличанец – Алексиќ.

Со реализацијата на овој проект, додаде, септичките јами во општина Кисела Вода ќе останат минато.

Вкупната должина за фекалната канализација изнесува околу 13 километри од кој 3.835 метри се од населеното место Сопиште, низ Припор по улицата „Христо Татарчев“ па се до раскрсницата на булеварите „Србија“ и Борис Трајковски“.  Вториот дел од 7.000 метри е од Сопиште по регионалниот пат П 302, низ Усје и кон постоечкиот колектор во Горно Лисиче, и  третиот дел е со должина од околу 2 километри кој се протега по дел од булеварот „Србија“. Рокот на изградба е 18 месеци.

Испрати коментар

Scroll To Top