Насловна / Вести / Во тек е јавен повик за проектант за пругата од Кичево до Лин

Во тек е јавен повик за проектант за пругата од Кичево до Лин

Železnica

Mминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски информира дека во моментот тече јавен повик за ангажирање компанија која треба да го изработи главниот проект за пруга од Кичево до Лин во Албанија.

– По изготвување на главниот проект ќе ги знаеме точните точки помеѓу Македонија и Албанија. За  негово изготвување имаме обезбедено средства во висина од 3,5 милиони евра обезбедени од ИПА компонентата и согласно акцискиот план кон крајот на 2016 година очекуваме да имаме главен проект. Се уште немаме обезбедено финансиски средства. Тоа евентуално би го правеле во 2017-2018 година, истакна Јанакиески.

Испрати коментар

Scroll To Top