Насловна / Вести / Чистење на реката Серава

Чистење на реката Серава

se-chisti-rekata-serava-171419

Општина Бутел го заврши двомесечното темелно чистење на реката Серава во должина од 5,2 км. Станува збор за делницата од населеното место Кучевишка бара до мостот према Љубанци. Дел од овој потег се чистеше за прв пат после подолг период, а дел се чистеше минатата година.
Интензивните пролетни и летни дождови го зголемија водостојот на помалите притоки на Серава во планинскиот дел, Љубанска река, Љуботенска река и Побожка река, кои донесоа и големи наноси од земја, тиња и други нечистотии, што создаде проблем во урбаниот дел од течението на реката Серава.
Пред налетот на новите есенски дождови исчистено е целото корито на овој потег, а со тоа отстранети се и сите опасности од можно излевање на реката Серава.
Изведувач на работите е фирмата „Актрос“ од Скопје.
Средствата од 650.000,00 денари се обезбедени од буџетот на општина Бутел.

Испрати коментар

Scroll To Top