Во рамки на проектот „Отворена врата за културна размена – Градење на заедничка европска иднина“ од ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Бугарија и Македонија, помеѓу партнерите општина Богданци и општина Ќустендил во тек се активностите за реконструкција и адаптација на Домот на култура во општина Богданци.
За оваа проектна активност бил распишан тендер за избор на најповолен понудувач.
Како најповолен на тендерот е избран изведувачот „ВИА“ ДОО од Вевчани со вредност на договорот од 77 113,07 евра.
Проектните активности кои стартувале минатата недела се очекува да завршат до крајот на април 2015 година.