Насловна / Вести / Кинескиот јаглен виновен за смрт на 670.000 луѓе годишно!

Кинескиот јаглен виновен за смрт на 670.000 луѓе годишно!

smog china

Смогот од кинеските термоелектрани на јаглен е одговорен за смрт на 670.000 луѓе во 2012 година во Кина, велат истражувачи во својот извештај, пренесуваат медиумите.

Тоа е бројот на умрените од рак на градите, коронарно-срцеви болести и хронично опструкциски болести кои се поврзани со загадувачките честички помали од 2,5 микрограми, вели професорот Тенг Феи од универзитетот Цингхуа.

Студијата покажува дека давачките и даноците на согорување на јагленот „не успеаја да ги одразат вистинските трошоци“, вели Тенг, пренесува South China Morning Post. Властите земаат давачки од вкупно 30 до 50 јуани (4,9 – 8,1 долар) за секој тон ископан, транспортиран и согорен јаглен, но дополнителните трошоците само за умрените се проценети на 166 јуани по тон, додава тој.

 

Испрати коментар

Scroll To Top