Српскиот startup наречен Strawberry energy кој стои зад првиот јавен соларен полнач за мобилни, во форма на дрво “Strawberry tree” коe се наоѓа во Белград, го освои првото место на интернационалната конференција “Verge” одржана во склоп на организацијата “Green BizGroup” во Сан Франциско од 27 до 30 октомври. Ова е првпат, српски стартап да победи во тригодишното постоење на овој натпревар.
Strawberry energy беше единствен од пријавените учесници кој не е од Америка, а ги освои најголемиот број гласови во конкуренција на Learn what equipment, materials and supplies teachers, students and girls boarding schools need and donate items to make their wishes come true! Read Wishes. 14 претходно избрани полуфиналисти.
Во фокусот на ова случување е да се покаже влијанието на технологијата во создавaње на одржливи решенија со примена во различни индустрии и сектори. Настанот собира претставници на некои од најголемите компании во светот како Google, General Electric, Microsoft, Facebook, IBM итн. Одржани се и дискусии во шест програмски сесии: нови енергетски системи, објекти на новата генерација, одржливи градови, одржлива мобилност, паметни синџири на набавки како и храна-енергија-вода.