Насловна / Вести / Во Загреб изграден највисокиот облакодер во Хрватска

Во Загреб изграден највисокиот облакодер во Хрватска

a9965361c8725ae760edf5293e9609c7

Пред неколку дена во Загреб заврши изградбата на највисокиот облакодер во Хрватска, пишува весникот „Вечерњи лист“.

Зградата е висока 96 метри и има 25 ката. Изградбата траела 26 месеци и во неа биле вклучени 900 работници.

Облакодерот претставува комбинација од станбени и деловени површини, на покривот од зградата се наоѓа голема тераса со панорамски поглед. Изградбата чинела 100 милиони евра.

Комплексот вклучува и друга 13-катна зграда, два станбени блока со 111 апартмани и две мали бизнис згради. Под целиот комплекс се наоѓа паркинг за 850 возила. 

 

Испрати коментар

Scroll To Top