Насловна / Архитектура / Домот на унгарската музика без права линија или рамна површина

Домот на унгарската музика без права линија или рамна површина

ungarska muzika kuka (4)

Со седиште во Њујорк, архитектонското биро Leeser Architecture неодамна го претстави нивниот предлог инспириран од музика за Куќата на унгарската музика во Будимпешта, која нема ниту една права линија или рамна површина.

Архитектите црпеле инспирација од идејата на Гете за архитектурата како замрзната музика, и осмислиле дизајн врз основа на органски течни форми и флексибилни простори за изложби, инсталации и перформанси.

ungarska muzika kuka (3)

Уникатната форма на зградата треба да послужи како кулиса за различни настани, а акустичните можностите треба да го зголемат искуството на уживање во музиката.

Модерниот амфитеатар лежи зад структурата што служи како место за музички настани и перформанси на отворено. Неколку одржливи стратегии се вклучени во проектот, вклучувајќи и оптимизација на обликот, кој ќе помогне колку што е можно повеќе во однос на заштита на околната флора и фауна.ungarska muzika kuka (2) ungarska muzika kuka

Испрати коментар

Scroll To Top