Michael van der Kley го создаде проектот наречен Project EGG, кој претставува општествен уметнички проект кој се состои од 3Д печатени камења.
Проектот EGG претставува објект со јајцевидна форма, со димензии 5 x 4 x 3 метри, составен од 4.760 уникатно обликувани камења добиени со 3Д принтање од Студиото на Мајкл но и од стотина соработници низ светот.
Овој објект може слободно да се нарече поетски павилјон. Со неговата органска форма и структура, беспрекорно се претопуваат и самите посетители. Употребените камени елементи се елегантно дизајнирани, секој со својот уникатен облик. Овие многу мали елементи заедно формираат многу голема структура, која дизајнерот Ван дер Клеј сакал да изгледа како крокодилска кожа, корал или пченкарен кочан.
Материјалот е нов, повторно употреблив и биоразградлив. И начинот на создавање на објектот е нов, не во фабрика туку од заедница.
Објектот ве кани да влезете и да бидете преплавени од играта на светло и сенка, да се почувствуваат 100 различни нијанси на бела и да се доживее просторноста и празнината во исто време.
Проектот беше претставен на Dutch Design Week 2014, а во следните две години Мајкл планира да го претстави на различни локации низ светот.