Архитектонското биро SoNo Arhitekti победи на конкурсот за проектирање на павилјон на Словенија за потребите на Светската изложба во Милано во 2015 година.
Инспирирани од темата на изложбата „Хранење на планетата, Енергија за живот“, бирото го проектирал својот павилјон во форма на пила во согласност со слоганот I Feel Slovenia. Green. Activ. Healthy.
Геометрискиот дизајн обложен со дрво потсетува на култивирани полиња, кои се симбол на разновидниот пејзаж на земјата.
Силуетата на павилјонот е дефинирана со пет призматични структури обложени во вертикална лента од дрво поставени во различни правци за да се добие динамичен изглед на павилјонот. Цик-цак стаклените панели го прекриваат долниот дел на павилјонот заради пропуштање на природната светлина во павилјонот и обезбедување на поглед кон околината. Околниот пејзаж е проектиран на сличен геометриски начин и тој е разбиен со остри аглести линии и отвори, низ кои растат автохтоните растителни видови од Словенија.
Внатре во павилјонот се сместени едукативни и интерактивни активности. Внатрешниот ентериер, исто така, на креативен начин ги вовлекува органските елементи внатре, како што е екранот за проекции интегриран во живиот ѕид и десетици електронски екрани закачени на таванот кои прикажуваат слики од небо.