Оваа поп-ѕвезда штотуку купи нова вила во Малибу, со совршен поглед на планините и плажата Зума, по цена од 23 милиони долари. Нејзината нова вила е дизајнирана од архитектот Steve Danet, а претходно била во сопственост на Dan Romanelli, основач на Warner Brothers Worldwide Consumer Products Division.
Ова вила во европски стил има пет спални соби и седум бањи, куглана, винарска визба, штала и базен со морска вода во задниот дел од дворот.
Во екстериерот на вилата се наоѓаат убави градини, infinity базен со спа дел, простори за релаксација и паркинг места. Во изградбата на вилата, градежната компанија Flinton Construction користела само најфини материјали, најмногу увезени од Европа. Целиот внатрешен простор е дело на славната дизајнерка за ентериери Madlin Stuart.