Во полскиот град Вроцлав е поставена необична структура која со својот изглед привлекува минувачите да ја испробаат.
Дизајнерот и архитект Piotr Zuraw го смести својот екстравагантен дизајнерски објект во кампусот Grunwaldzki. Неговата брановидна структура овозможува седење на различни начини на клупата и сместување на различни нивоа, наместо вообичаените клупи, кои се во основа унифицирани и чиј дизајн е униформиран во целиот свет.
Оваа уникатна клупа е изработена од челик и буково дрво и претставува модерен естетски изглед, а во исто време и место за релаксација и интеракција помеѓу студентите на кампусот.