Насловна / Архитектура / MVRDV и morePlatz победници на конкурсот за Hafenspitze во Мајнц, Германија

MVRDV и morePlatz победници на конкурсот за Hafenspitze во Мајнц, Германија

Исто како и многу европски пристаништа, областа Золхафен во Мајнц е во процес на трансформација од индустриски во градски кварт. Се наоѓа во североисточниот дел од Мајнц, на западниот брег од реката Рајна. Поранешното пристаниште ќе биде пренаменето во урбан микс за живеење, работење и трошење на слободното време и ќе претставува еден од најважните проекти за регенерација на градот во последните децении.

thumb
“Hafenspitze” е лоциран во северниот крај на пристанишниот слив и ќе биде реализиран како пионер на овој голем проект во однос на обемот на трансформација. Победничкиот дизајн на MVRDV и morePlatz предлага да се приспособи на главниот план, што резултира создавање на два различни простори кои формираат комплекс со вкупна површина од 12.000м2, со јавен плоштад во центарот. Единаесеткатната висока административна кула создава обележје на вода, додека издолжениот блок со петте ката и кровната градина го затвора плоштадот од страна на улицата.

Двете згради се карактеризираат со слични концепти во фасадите и заострените плaтформи за пристап и отворени видици кон реката и плоштадот, но сепак се разликуваат меѓусебно по нивната специфична материјализација и изглед. Високата кула е дизајнирана со отворен и транспарентен карактер со целосно застаклени фасади на четирите страни и искосени прозорци за максимални видици. Подовите се визуелно разделени со темни хоризонтални ленти облечени во традиционални ќерамиди кои се однесуваат на локалниот архитектонски стил на покривање.

zollhafen_mainz_hafenspitze_mvrdv_02
Горниот блок е завиткан во „груба кожа“ на преклопени префабрикувани бетонски елементи, кои создаваат 3D визуелен ефект што се однесува на локалните рустикални камења.

MVRDV I morePlatz победија во конкуренција на седум дизајнерски тимови. MVRDV соработува со morePlatz како локална архитектонска фирма која добро ги познава карактеристиките на овој град. Победничкиот дизај за ‘Hafenspitze’ ќе биде изложен во  Zollhafen Mainz Weinlager, од 15 до 26 октомври.

Испрати коментар

Scroll To Top