Насловна / Архитектура / И кошарката ќе се игра на стадион!

И кошарката ќе се игра на стадион!

Спортски храмови / „Пиер Моро“ – Лил, Франција
1
Пред неколку години „Порта 3“ пишуваше за новиот, револуционерен, спортски храм „Гранд Стад“ (работно име), кој беше во фаза на изградба. Стадион со вкупен капацитет од 50.186 места, лоциран во центарот на триаголникот Лондон-Париз-Брисел, всушност еден од првите проекти на мултифункционален стадион, кој многу брзо може да се трансформира и во голема спортска арена за останатите популарни спортови, како кошарка, ракомет, хокеј на мраз…

Токму оваа негова мултифункционалност е причината поради која Франција ја доби организацијата на финалната завршница на Европското првенство во кошарка кое ќе се одрижи следната година. Лил и стадионот „Пиер Моро“ ќе бидат домаќини на финалната фаза на првенството, каде завршните борби ќе имаат можност да ги следат нешто повеќе од 27.000 гледачи, на специјално адаптираниот стадион за потребите на еден голем кошаркарски настан.

32       Стадионот што доби 5 ѕвезди според ФИФА стандардите за организација на фудбалски натпревари има лизгачки покрив, кој за само 30 минути може да го покрие целиот тревник и со тоа да го заштити од непожелни временски влијанија. Проектантите сметаа и на ефектот на затворен објект во кој може да се претвори арената, со околу 29.500 места од вкупниот капацитет. Исто така, во краток период, половина од тревникот механички се повлекува над втората половина и во веќе празниот длабински простор ќе се монтира паркетна подлога и дополнителни монтажни трибини за организација на кошаркарскиот Евробаскет 2015.

Поттрибинскиот простор е искористен за дополнителни сали за прес-конференции, но и за организирање на семинари и конвенции со капацитет и до 200 места. Изградени се неколку соби за состаноци, видео-центар, конгресен центар, а секако и дополнителен комерцијален дел за продавници, кафе-барови и канцелариски простории. „Гранд Стад“ го има и најдобриот панорамски ресторан, кој е со капацитет од 230 места. Во подножјето на стадионот се изградени и два хотели. Едниот е со две, а другиот со три ѕвезди.
4

ФАКТИ ЗА „ПИЕР МОРО“ – Лил, Франција
Мултифункционална арена
Капацитет: 50.157 места
Капацитет за останати спортови: 29.500 места
Период на изградба: 2009 – 2012
Цена на градба: 282 милиони евра
Архитект: Пиер Фере (Франција)
Изведувач: Eiffage

Испрати коментар

Scroll To Top