Светскиот Македонски Конгрес достави инцијативата со идеен проект до општина Аеродром за изградба на Македонски Православен Крст, на микролокацијата во близина на Средното училиште на Град Скопје “Марија Кири Склодовска“, меѓу Булевар “Трета Македонска бригада“ и Булевар “Србија“. Иницијативата е во рамките на одбележувањата на 2000 годишнината од христијанството. Имајќи предвид дека Булевар “Србија“ ги поврзува општините Газа Баба, Аеродром и Кисела Вода, локацијата на Македонскиот Православен Крст овозможува истиот да се гледа во сите три општини на Град Скопје. Крстот ќе биде монтажен, висок 33 метри, колку што години живеел Исус Христ до неговото воскресение.