Од утре па се до 29-ти октомври, Тања Добровоцки, под името „LifeStyleFactory“ („ЛајфСтајлФактори“) ќе учествува на групна изложба во галеријата „Прима Центар“ во Берлин. Македонската дизајнерка на индустриски производи и мебел, на изложбата што го носи името „PostWalterismus“, ќе се претстави со 24 рачно изработени предмети.
Посетителите на „Прима Центар“ во Берлин ќе можат да ги видат сите нејзини досегашни производи претставени преку дрвени макети. На овој начин ќе бидат презентирани неколку модели од: масите „EthnoCube“, „PixelMe“, „DarkForest“ и „Zen II“, столиците „Caleidoscope“ и „Muse“, како и полицата „Архитектура“. Покрај макетите, со потписот на „LifeStyleFactory“, ќе бидат изложени и шест чинии со карактеристични македонски етно mobile casino мотиви, а ќе биде прикажано и видео од процесот на изработка и начинот на употреба на предметите.
Минатата година младата дизајнерка, со постер од решението за нејзината маса „EthnoCube“, учествуваше на изложбата „Das ist Walter“, во истата галерија, на која беа избрани четворица победници. Гласањето на изложбата и овозможи на Тања Добровоцки да биде меѓу првите четворица, со што и се овозможи учество на овогодишната изложба.