Токискиот архитект Јусуке Карасава го дизајнираше лавиринтот наречен Куќа „S“ во кој нема ѕидови туку само цик-цак скали кои го поврзуваат просторот.
Куќата е двокатна, со пет меѓунивоа на кои се распоредени соби со еднаква големина, поврзани меѓусебно не со ходници туку со скали. Тоа значи дека на еден кат има две соби до кои се стигнува директно од подестите на скалите. Оваа комплексна структура на скали воедно делумно ги сокрива погледите од соседите.
Куќата „S“ е лоцирана во близина на станицатa Сатиама во истоимениот кварт на јапонската престолнина. Сите четири фасади се стаклени, па соседите и минувачите можат да видат што се случува во неа.
Конструкцијата е изведена во комбинација од армиран бетон и челик.
Спалната соба и бањата се сместени во подрумот, кој е вкопан два метри во земја.