Насловна / Екологија / Енергетска Ефикасност / Енергетски ефикасен хотел и станбен комплекс во близина на Париз

Енергетски ефикасен хотел и станбен комплекс во близина на Париз

  PortadaPietriArchitectes-Photodensemble01©ThierryFavatier
Проектот „Carré Seine“ претставува објект со мешовита намена кој вклучува хотел и станбен комплекс, а проектиран е од страна на бирото  Pietri Architects. Комплексот се состои од неколку згради опкружени со двор, со изолација со високи перформанси, зелен покрив и мултифункционални лоџи. Повелбата за квалитетот на животната средина на градот Isi le Mulino, во близина на Париз, наречена  ISSEO, заживеала во 2009 година, кога градот и 20 компании се договориле секој нов објект да биде изграден со високи стандарди во поглед на одржливоста. carre-seine-p090714-9„Carré Seine“ е токму таков проект, кој се состои од три згради со бројни архитектонски елементи и материјали – две згради обезбедуваат 69 станови, а третата е всушност хотел со 175 соби. Проектот пружа доволно јавен простор и се спојува со околниот урбан дизајн, при што во исто време одржува високо ниво на енергетска ефикасност. Добро изолираната фасада овозможува минимални топлински загуби во комбинација со внимателно избраната ориентација на застаклените површини.carre-seine-housing-3

Испрати коментар

Scroll To Top