Насловна / Арт и дизајн / Изложба Schizophrenogenesis на Демијан Хирст

Изложба Schizophrenogenesis на Демијан Хирст

izlozba_1

Контроверзниот уметник Демијан Хирст отвори нова изложба во галеријата Paul Stolper во Лондон.

Под наслов Schizophrenogenesis, авторот изложува дела во кои продолжува да ја истражува естетиката на таблети, медикаменти, шишиња и пилули, и „духовната“ врска на човештвото со фармацевтската индустрија. „Таблетите имаат убава минијатурна форма, поубава од кој било минијатурен уметнички објект“, изјави Хирст.

izlozba_2

Изложбата со блескав неонски знак “Schizophrenogenesis” од три метри, го вклучува и делото The Cure – еден ѕид од триесет насликани отпечатоци, од кои секој претставува мала двобојна пилула на динамична заднина во поп-арт стил. На изложбата се презентирани и скулптури во форма на ампули, шприцеви, скалпели, кутии за лекови и пилули. Изложбата останува отворена до 15 ноември во Галеријата на современа уметност Paul Stolper.izlozba

Испрати коментар

Scroll To Top