Kомпанијата Lightfog Creative & Design Company претстави одличен концепт за велосипед кој е надграден со систем за создавање на чист воздух до неговиот возач. Самиот велосипед во просторот меѓу рачките на гиданот има всисна цевка која го зема нечистиот воздух од околината и го спроведува низ филтер, и турбина која потоа го издувува сега веќе чистиот воздух кон својот возач. На овој начин возачите нема да мора да стравуваат дека ќе вдишуваат голема концентрација од отровните честички кои стануваат сè почест гостин на големите градови (PM10 и PM2,5 честичките се канцерогени според Светската здравствена организација). Овој велосипед е засега само концепт, а веќе се стекна со Red Dot наградата за дизајн.