Насловна / Архитектура / Детска градинка од пет куќарки во Копенхаген

Детска градинка од пет куќарки во Копенхаген

fk_061014_04-630x469

Данското архитектонско студио COBE, го комплетираа новиот дневен центар за престој на деца, кој се наоѓа во Копенхаген. Градбата е специфична, со заоблени агли, бујни кровни градини и специјална фасада од тула која му дава топлина и модерност на просторот во едно историско опкружување.

fk_061014_03-630x945
Пет мали куќарки обложени со тула, зелени покриви и покривни градини се создадени во рамки на новата детска градинка во Копенхаген. Градинката беше отворена во јули 2014 година, а претставува резултат од конкурсот што беше објавен и на кој победија COBE architects, заедно со пејзажните архитекти PK3 и инженерите D.A.I.

fk_061014_05-630x791

Петте мали куќарки на градинката се составени од еден до три ката, сите со зелени покриви и кровни зелени тераси. Однадвор градинката изгледа како град за деца, но одвнатре таа е кохерентна и ефикасна. Ова овозможува создавање на место кое е мало, компактно и возбудливо за децата, кое ќе биде функционално и флексибилно во секојдневието. Градинката има капацитет за 160 деца на возраст до шест години.

fk_061014_09-630x320 fk_061014_19-630x418 fk_061014_17-630x746 fk_061014_16-630x776 fk_061014_13-630x387 fk_061014_12-630x420 fk_061014_11-630x681 fk_061014_10-630x859

fk_061014_01-630x466

Испрати коментар

Scroll To Top