Насловна / Вести / Започнува Belgrade Design Week 2014

Започнува Belgrade Design Week 2014

bdw _1

Со претставување на учесниците и со прогласување на победниците на конкурсот 100% Future Serbia во Културниот центар на градот, започна уште една Белградска недела на дизајн. Белграѓаните и останатите гости од 6 до 12 октомври ќе имаат можност да ги погледнат делата на повеќе од сто млади српски дизајнери, сместени во излозите од Калемегдан до Славија.

Овој проект е дел од Белградска недела на дизајн, четврта година по ред, и има за цел промовирање на талентирани млади креативци кои првпат ги прикажуваат своите работи, како и на етаблирани автори кои сакаат да изложат во излозите во центарот на градот. Добитник на четвртиот конкурс 100% Future Serbia е Игор Џуковски, индустриски дизајнер.

Авторите на првите десет трудови добиваат можност за присуство на меѓународната конференција Brand New World, која е централен дел од Белградската недела на дизајн и ќе трае од 9 до 11 октомври. Посетителите и минувачите ќе можат да уживаат во изложбените поставки, додека во исто време ќе откриваат нови и интересни локации во центарот на градот, кои ги следат десетици илјади мапи за проект со списоци на излагачите и излозите, поделени во голем број инфо пунктови во градот.

Свеченото отворање на Belgrade Design Week е закажано за вечер, 7 октомври, во старата фабрика „Стаклопан“ и ќе трае до недела, 12 октомври.

Испрати коментар

Scroll To Top