Насловна / Вести / Градежните активности на атмосферската канализација на булеварот „Киро Глигоров”

Градежните активности на атмосферската канализација на булеварот „Киро Глигоров”

vod-rekonstrukcija1

Со цел пренасочување на дел од атмосферските води од јужната страна кон подвозникот на булеварот „Киро Глигоров“, викендов беа изведени моноблокови со решетки, информираат од ЈП „Водовод и канализација“.
Моноблоковите се странично армирани и бетонирани со димензии 40/60, во должина од 7,3 метри во правец од Аеродром кон online slots Автокоманда, а во правец од Автокоманда кон Аеродром во должина 5,3 метри.
Функцијата на моноблоковите е атмосферските води да ги прифати пред истите да дојдат во нискиот дел на самиот подвозник и да ги одведе во атмосферскиот колектор и на тој начин да се избегне можноста за поплавување.
Претходно се изврши реконструкција на постоечкиот атмосферски колектор кај Бриколаж, при што беа вградени полипропилен цевки, со профил ф-800 милиметри, во должина од 57 метри.
Со реконструкцијата се изврши исправувавање на атмосферскиот колектор кој претходно имаше две прекршувања под агол од 90 степени, со што ќе се подобри одведувањето на атмосферските води.

Испрати коментар

Scroll To Top