Градежната компанија Адора Инженеринг Скопје денес го доби првиот „енергетски пасош“ А класа во Македонија, односно првиот сертификат за енергетски карактеристики на станбени згради-А класа за новиот објект „Парк“ изграден во срцето на општина Аеродром, Скопје.
Сертификатот за енергетски карактеристики на станбени згради А класа со реден број 1, издаден од лиценцираната фирма ДЕЛТА ПРОЕКТ-СКОПЈЕ, потврдува дека објектот „Парк“ на Адора Инженеринг има одлични коефициенти за пренесување на топлина кои се од 30 до 40 % подобри од законски пропишаните, додека кај застаклените површини коефициенти се за 50 % подобри од предвидените со Правилникот за енергетски карактеристики на згради. Одлични индикатори за енергетска ефикасност според сертификатот има и кај специфичната потрошувачка на примарна енергија, која е со вредност 105 kwh/m², а што заедно со специфичната емисија на CO₂ од 45,1 CO₂/m²a е потврда за намалено создавање на CO₂ во воздухот, како резултат на енергијата потрошена за греење на станбениот објект.