Насловна / Вести / Следната недела инаугурација на Прекуграничниот биосферен резерват Охрид-Преспа

Следната недела инаугурација на Прекуграничниот биосферен резерват Охрид-Преспа

инагурација охрид преспа

Во Корча, Република Албанија, на 13 октомври ќе се одржи инаугурацијата на Прекуграничниот биосферен резерват Охрид-Преспа.

Се работи за номинација на Прекуграничниот биосферен резерват Охрид-Преспа, која беше одобрена од Меѓународниот совет на УНЕСКО за програмата „Човек и биосфера“ (МАБ), на 26-тиот состанок одржан во Јончепинг во Шведска, во јуни годинава кога истиот беше прогласен за 14. по ред Прекуграничен Биосферен резерват во светот.

Официјалното предавање на сертификатот потпишан од страна на генералниот директор на УНЕСКО ќе се одржи во присуство на претставници на владите на Република Македонија и Република Албанија, претставници на националните парламенти, општините, претставници на меѓународните организации и претставници на Унеско.

Испрати коментар

Scroll To Top