Насловна / Арт и дизајн / Послужавник како топографска карта

Послужавник како топографска карта

послужавник_3

Artonomos е компанија од Хонг Конг, која создава уникатни и софистицирани предмети за домови. Една од најдобрите работи кои се дел од нивниот асортиман е исклучителниот послужавник кој носи наслов Confluence, и е дизајниран да личи на топографска карта. Изработен од брезово дрво со сјајни завршни детали околу декорација. Пејзажот што тука е „мапиран“ е долина со меандри, и на него има простор за шест чаши за чај. Чајникот и чашите се поставени на „планина“, додека долината што лежи се користи како резервоар, ако чајот се истури.послужавник_4
Овој послужавник е многу суптилен, и неговата цена е 1.700 долари. Многумина мислат дека ова е премногу за парче кое е толку едноставно и јасно, но првите 100 парчиња се веќе продадени.

Испрати коментар

Scroll To Top