На крајот на минатата година во Република Македонија имало 5 691 стан во државна сопственост, соопшти Државниот завод за статистика. Според статистичките податоци, вкупната површина на овие станови изнесувала 283 592 квадратни метри. Во текот на 2007 година изградени се 306 станови. Во последните триесет години состојбата со државни станови бележи повеќе промени. При тоа, најмногу станови во државна сопственост биле изградени во периодот од 1980 до 1990 година. Во 1990 година биле регистрирани 87 452 стана во државна сопственост со вкупна површина 4 665 417 квадратни метри и просечна површина на стан од 53.3 квадрати. Најмногу станови во текот на една година се изградиле во 1983 година и тоа 7 623 станови со вкупна површина од 437 651 квадрати и просечна површина од 57.4 квадратни метри. Најмногу отуѓени или урнати станови имало во периодот од 1990 до 1995 година. Најголем број на отуѓени или урнати станови во текот на една година имало во 1993 година и тоа 21 680 станови со вкупна површина од 1 213 295 квадрати и просечна површина на стан од 56 квадрати.
Објавено во број 92.