Во Гевгелија денеска почна реконструкцијата на Пионерскиот дом, за што општината доби 145.000 евра од ИПА програмата за прекугранична соработка во чијшто трет повик аплицираше заедно со општина Банско од Бугарија.
Со реконструкцијата целосно ќе биде сменет кровот на Пионерскиот дом, а со проектот е предвидено уште и уредување на инфо центар со мултимедијална опрема за електронско следење на книжевниот збор од страна на младите, со што ќе се овозможи целосна функционалност на објектот и подобрување на условите за работа во јавната установа.