Насловна / Вести / Јубилејна изложба посветена на Василие Поповиќ – Цицо во Даут-пашин амам

Јубилејна изложба посветена на Василие Поповиќ – Цицо во Даут-пашин амам

pokana CICO mail

На 4 октомври 2014 година (сабота), со почеток во 20.00 часот, во организација на НУ Национална галерија на Македонија и Музеј МНТ при Македонскиот народен театар, во Даут-пашиниот амам ќе биде претставена јубилејната изложба „Столетие, Василие Поповиќ – Цицо (1914-2014)“. На изложбата ќе бидат претставени повеќе од 260 дела, меѓу кои и негови лични предмети (акварели, сепии, цртежи, карикатури, сценографски и костимографски скици, реализирани костими, нацрти на книги и публикации, но и негови портрети изработени од неговите колеги Димо Тодоровски, Димитар Кондовски и Никола – Кочо Фидановски), кои се во сопственост на НУ Национална галерија на Македонија, Музеј МНТ, Музеј на современата уметност – Скопје, Музеј на град Скопје, Македонска академија на науките и уметностите, Државен архив на Република Македонија, Вардар филм Македонија, Друштво на писателите на РМ, Гордана Поповиќ – Васиќ (ќерка на авторот), како и на голем број приватни сопственици.

Изложбата е финансирана од Министерството за култура на Република Македонија, и воедно е дел од манифестацијата „Бела ноќ“, а ќе биде отворена до 4 ноември 2014 година.

Испрати коментар

Scroll To Top