Канализациска мрежа долга 560 метри се гради од патот Волково-Орман кон улицата 95 во Волково. Се очекува да се завршат и преостанатите педесет метри на крак од улицата со што конечно ќе се реши проблемот со преполнетите септички јами.
Нова водоводна и канализациска мрежа е поставена на краците 28, 29, 153 и 154 на улицата 81 во Волково во должина од 520 метри.
По завршување на подземните инсталации тие ќе бидат и тампонирани.
Средствата за реконструкција на оваа улица се издвоени од Буџетот на Општината Ѓорче Петров.