Насловна / Ентериери / Колоритна продавница за книги Saraiva

Колоритна продавница за книги Saraiva

sb_290914_02-630x522

Оваа колоритна продавница за книги која се наоѓа во Рио де Женеиро, Бразил, е дизајн на Studio Arthur Casas.

sb_290914_03-630x266
Продавницата е концептирана како хибрид помеѓу јавен простор и библиотека, пристојно место за слободно време, концентрација и релаксација во исто време.

sb_290914_05-630x650

Архитектурата е едноставна и поканувачка, со цел да исчезне зад книгите за да се ослободи простор мислите да талкаат околу содржината на книгите.

sb_290914_06-630x720
Во 21 век, книгите и новите медиуми ги делат полиците, барајќи високо ниво на флексибилност во распоредот. За да се организираат сите овие информации а библиотеката да не биде монотона, употребата на колорит е прекрасна стимулација: луѓето да останат, да прочитаат и да комуницираат во пријатна атмосфера.

sb_290914_09-630x718

Продавницата се наоѓа во трговски центар во Рио, а е поделена на четири ката. Посетителите влегуваат преку  простор со двојна висина, каде што полиците изгледаат како да лебдат, со цел да се потенцираат книгите и предметите.

sb_290914_19-630x571

Некои полици се дополнети со шини, така што може да се создадат различни конфигурации. Керамичкиот под бил специјално развиен за оваа продавница, за да биде рефлексивен и да го акцентира осветлувачкиот сјај. Бразилскиот орев е имплементиран во секој простор, создавајќи топла неутрална заднина заедно со различните бои и текстури на книгите и предметите.

sb_290914_20-940x1095

Испрати коментар

Scroll To Top