Насловна / Вести / Работа. Живот. Решенија.

Работа. Живот. Решенија.

LI2014041567
Брендот Volkswagen Комерцијални возила
се претстави на саем за комерцијални возила 2014


• Брендот од Хановер нуди приспособени решенија кои ги задоволуваат сите потреби
• Сеопфатни иновации за намалување на емисиите на штетни гасови

Решенија за работа и живот – или „Работа. Живот. Решенија“. Тоа беше слоганот на брендот Volkswagen Комерцијални возила на овогодишниот саем на комерцијални возила. Производителот на лесни комерцијални возила, со седиште во главниот град на државата Долна Саксонија, самоуверено се претстави на домашен терен. „Ние ги понудивме вистинските решенија за сите професионалци и за сите различни приватни потреби во животот. Ние знаеме што сакаат клиентите и тоа го испорачуваме“, изјави Брам Шот, претседател на управниот одбор на брендот.
LI2014041564

Целата гама на брендот составена од лесни комерцијални возила, за работа и за приватна употреба, беше успешно претставена на саемот. Бренодт Volkswagen Комерцијални возила на присутните посетители им претстави широк спектар на возила, кои ги задоволуваат сите барања и кои се направени врз основа на Amarok, Caddy, Crafter и на моделската серијата T5.

„Сакаме на нашите клиенти да им покажеме  незаменлив спектар на решенија за мобилност на стоки и патници“, изјави Шот и додаде: „Комерцијалните возила за бизнис се толку разновидни колку што се и нашите клиенти, тие доаѓаат од различни индустрии и различни услужни сектори. Покрај тоа, јавните институции како на пример: полицијата, противпожарните бригади и општините се значаен дел од сите наши клиенти. Специјализацијата е магичниот рецепт за да се задоволат потребите на клиентите, а тој рецепт беше прикажан на саемот“.

Изложени беа 50 возила во салата бр. 12 и истите беа подредени според различните индустрии и корисници. Штандот покриваше површина од 7.500 м2. Дополнително беа претставени уште 30 решенија за стоки и патници во надворешниот простор спроти сала. На посетителите им беше овозможено и тест возење на одредени модели.

Испрати коментар

Scroll To Top