Изложбата е во организација на локација која испраќа јасна порака до сите набљудувачи – поставката во напуштените простории на американскиот затвор Алкатраз ја раскажуваат животната приказна на уметникот и неговата борба не само за своите туку и за туѓите права. Аи Веивеи многу пати бил затворан, осудуван, се наоѓал во домашен притвор и конечно забрануван во дел од својата родна земја. Но, затоа неговиот глас успеа да излезе надвор од границите на Кина и да зборува за прашањата на слободата и затворањата. Напуштените затворски ќелии се опкружени и исполнети со неговите најнови инсталации, под заедничко име @Large.
Инсталацијатa наречена With Wind претставува традиционален змеј од хартија кој затворен меѓу бетонски ѕидови не може да лета и станува затвореник како и неговиот творец. Големиот змеј е опкружен со помали хартиени змии кои, исто така, ги симболизираат 30-те држави каде што се загрозени правата на човекот, и сите во бои на природната флора и фауна.
Во блокот од ќелии каде што живееле затворениците, Веивеи сместил аудиоинсталација која повикува за влез во 12 соби. Во секоја од нив, седнат на кревет, посетителот ќе слушне говори, поезија и аудио дела на поединци кои поминале некое време во затвор заради уметничко изразување на своите ставови.
Во Алкатраз се вкупно седум дела на Аи Веивеи, чиешто творештво на американската почва доживеа посебен третман – на никој досега не му било дозволено да изложува во овие простори. Делата добиле специјална дозвола од страна на американската влада, што според уметникот уште повеќе ја зголеми вредноста на изложбата. „Секое ограничување од делото прави да биде повеќе популарна, што значи дека поефективно ќе ја пренесам својата порака“, вели Аи.
Изложбата ќе биде отворена до 26 април следната година.