Насловна / Архитектура / Норман Фостер го проектира новото седиште на „Амазон“ во Лондон

Норман Фостер го проектира новото седиште на „Амазон“ во Лондон

amazon-uk-fosterpartners-2

Компанијата „Амазон“ го избра проектот на славниот Норман Фостер за своето седиште во Велика Британија, коешто ќе биде лоцирано во центарот на Лондон.
Компанијата ќе ги пресели своите вработени од нивната сегашна зграда во новото седиште Principal Place, вредно 470 милиони долари. До 5000 вработени ќе бидат сместени во новата зграда, која ќе вклучува надворешни простори за јадење, тенис и кошарка.
Новото седиште на оваа компанија, Amazon UK Headquarters, е еден од неколкуте главни инвестиции моментално во Лондон и ќе се наоѓа помеѓу Ливерпулската улица и метро станицата Shoreditch High Street во источен Лондон.

amazon-uk-fosterpartners-1
Principal Place ќе се состои од серија на зелени површини (како отворени така и затворени), кровни тераси, два атриума, распоредени на 55.700 квадратни метри површина во објектот од 15 ката висина во предниот и девет ката висина во задниот дел на објектот.amazon-uk-fosterpartners-4 amazon-uk-fosterpartners-7

Испрати коментар

Scroll To Top