Деновиве екипите на Градот Скопје прошируваат дел од булеварот „Александар Македонски“ пред крстосницата со улицата „16. Македонска бригада“ во Автокоманда.
Во текот на градежните работи, средишната жардиниера на дел од булеварот „Александар Македонски“ е скратена со што сообраќајната лента за вртење во лево кон улицата „16. Македонска бригада“ е продолжена за 120 метри.
На терен е извршен ископ, нанесен е тампонски слој, а во наредните денови продолжената сообраќајна лента ќе се асфалтира. Со тоа, ќе се овозможи непречен проток на возилата кон улицата „16. Македонска бригада“, без застои и ќе се намали сообраќајниот метеж.
На терен работат екипите на ЈП „Улици и патишта”.
Градежните работи за проширување на оваа крстосница ќе продолжат на аголот пред Шумарскиот факултет, каде што ќе се прошири едната сообраќајна лента на улицата „16. Македонска бригада“, за вртење во десно кон булеварот „Александар Македонски“.