Насловна / Вести / Се асфалтира патот во битолското село Драгош

Се асфалтира патот во битолското село Драгош

dragos pat

Селото Драгош во близина на Битола деновиве ќе добие селски пат во должина од скоро два километра. Градоначалникот на општина Битола Владимир Талески ги промовираше инфраструктурните интервенции во населеното место Драгош, кои се реализираат на барање на локалното население. „Во селото Драгош реализираме проект кој овозможува поправка на патот во селото и негово поврзување со главниот пат во должина од 1.700 метри. Исто така, побаравме од Агенцијата за државни патишта да помогнат во реконструкцијата на дополнителни 450 метри пат низ селото.

Со овој проект го затвораме пакетот инвестиции на локалните патишта помогнати со Европска Банка, а со помош на Светска Банка ќе реализираме уште четири локални правци, изјави Талески.

Вкупната вредност на инвестицијата во село Драгош е над шест милиони денари.

Испрати коментар

Scroll To Top