Насловна / Вести / Струмица воведува зонско паркирање

Струмица воведува зонско паркирање

strumica zonsko parkiranje

По одржувањето на седницата на советот на општина Струмица на која беа донесени Правилникот за начинот и условите на паркирање, времетраењето на паркирањето како и одлука за утврдување на Ценовникот на услугите на ЈП „Паркиралишта Струмица“, јавното претпријатие заокружува една етапа на комплементирање на документацијата околу зонското паркирање и со тоа ќе се премине на реализација на планираните активности, изјави на прес конференција Верица Узунова, директор на ЈП „Паркиралишта Струмица“, а пренесува 24 Струмица.
Градот Струмица ќе биде поделен на две паркинг зони (црвена и жолта зона).
Во првата „А“ зона цената за паркинг простор ќе изнесува 30 денари за еден час, додека во втората „Б“ зона цената ќе изнесува 20 денари. Паркираното возило во првата зона ќе може да биде паркирано најмногу два часа, додека во втората зона тоа ќе биде неограничено.
Граѓаните кои живеат и гравитираат во првата зона нема да плаќаат за паркирање на своите возила, а доколку имаат второ возило, за него ќе треба да плаќаат 300 денари месечно. За лицата со посебни потреби определени се 22 паркинг места и истите ќе ги користат бесплатно, а предвидени се и 28 паркинг места за такси возила, велат од Јавното претпријатие „Паркиралишта Струмица“.
Зонското паркирање ќе почне да се применува од средината на Октомври, а ќе се наплатува во работните денови од 07 до 21 часот, и во сабота од 07 до 17 часот. Во недела и за празници ќе биде бесплатно, велат од ЈП „Паркиралишта“.

Испрати коментар

Scroll To Top