Насловна / Екологија / Енергетска Ефикасност / До 2050 се очекува голем пораст во искористувањето на енергијата од сонцето

До 2050 се очекува голем пораст во искористувањето на енергијата од сонцето

fig0
Сонцето би можело да стане најголем светски извор на енергија до 2050 година, се наведува во извештаите на Меѓународната агенција за енергија. Падот на цените на фотоволтаичните модули и системи во последните неколку години отвори нови перспективи за користењето на сончевата енергија како значаен извор на електрична енергија во наредните децении. Извештаите на Меѓународната агенција за енергија укажуваат  на технолошките предности и политики кои се неопходни за да се постигне превласт на овој вид на енергија над фосилните горива, но и над другите алтернативни облици на енергија како ветерот или нуклеарната енергија. Според овие извештаи до 2050 година, енергијата од сонцето би требало да има удел од 16% во производството на електрична енергија и 11% во производството на топлинска енергија во светски рамки.

Испрати коментар

Scroll To Top