Оваа прекрасна вила на брегот на едно езеро во Австрија има дрвена филигранска фасада која потсетува на ремек-делата на виенската сецесионистичка архитектура од почетокот на 20 век. Орнаментите што се инспирирани од самото поднебје создаваат интересни сенки на внатрешните ѕидови од објектот. Виенскиот архитект Александар Дием соработувал со двајца уметници при креирањето на ова свое дело.
И резултатот е навистина импресивен. Просторната хиерархија на куќата ги фаворизира подрачјата каде станарите поминуваат највеќе време. Во текот на ноќта дрвените фасадни елементи создаваат таков ефект на осветлувањето што уште повеќе ја нагласува убавината и уникатноста на овој проект.