Насловна / Вести / Поставен камен-темелник за „паметна“ зграда на Сосиете женерал во Белград

Поставен камен-темелник за „паметна“ зграда на Сосиете женерал во Белград

societe_generale_2_140714_tw1024
Денес во Белград беше поставен камен-темелник за нова „паметна“ зграда на банката Сосиете женерал, чиjа нето вредност е 14,5 милиони евра.

Во неа ќе бидат вградени мини електрани за производство на електрична енергиjа, паркинг простор са соларни полначи за возила на електричен погон, а ќе ја гради групата ИMEЛ. Kако што велат во банката, паркингот ќе биде отворен  за граѓаните, па полначите ќе можат да ги користат и соседите што имаа електрични возила.

societe_generale_140714_tw1024
Сите системи во зградата, според планот, ќе бидат интегрирани во BMS (Building managment system), за да се зголеми квалитетот на условите за работа, но и да се заштеди електрична и топлотна енергија и потрошувачка на вода.

Новата зграда ќе има и рекуператор за дождовница, која ќе се користи за технички потреби на зградата, наместо водата за пиење.

societe_generale_1_140714_tw1024
Инаку, објектот ќе биде изграден на три километри од центарот на Белград, ќе има шест нивоа, подземна гаража, кровна тераса и ќе се простира на површина од 10.612 квадратни метри.
Kапацитетот на зградата е околу 650 работни места, а објектот ќе има и тренинг центар со мултимедијални и мултифункционални содржини, кои можат да примат околу 150 луѓе. Проектниот рок за завршување на работите е првиот квартал на 2016 година.

Испрати коментар

Scroll To Top