Насловна / Екологија / Енергетска Ефикасност / Во Македонија домаќинствата не можат да продаваат електрична енергија

Во Македонија домаќинствата не можат да продаваат електрична енергија

solar_pv_diagram
Иако имаме 280 сончеви денови во годината, и Македонија спаѓа во земјите со најголемо сончево зрачење во Европа и светот, сепак искористеноста на соларната енергија и понатаму е на ниско ниво. За разлика од Македонија, каде што допрва се инсталираат соларни термални системи за загревање вода, низ европските земји на покривите одамна се поставуваат фотоволтаици за производство на  електрична енергија која ја користат самите објекти или пак му ја продаваат на дистрибутерот. Сепак, според сегашните законски одредби, во Македонија не е можно да се откупува електрична енергија од поединци, туку тоа мора да е од регистрирани фирми.

Од „ЕВН Македонија“ истакнуваат дека во согласност со важечката регулаторна рамка, физичките лица во Република Македонија немаат право да вршат продажба на електрична енергија.
– Неопходно е да биде формирано правно лице кое понатаму треба да добие соодветна лиценца за производство од Регулаторната комисија за енергетика, за конечно да може да продава електрична енергија – појаснуваат од ЕВН.

Испрати коментар

Scroll To Top