Насловна / Вести / БиХ ќе гради 110 километри од Јадранско-јонскиот автопат кон Црна Гора

БиХ ќе гради 110 километри од Јадранско-јонскиот автопат кон Црна Гора

jadransko jonski avtopat niz BiH1
Босна и Херцеговина ќе гради 110 километри на Јадранско-јонскиот автопат кон Црна Гора, пренесоа подгоричките медиуми. Во подгоричките Дневни новини речено е во Министерството за сообраќај и комуникации на БиХ дека моментално се работи на уврдување на трасата на патот и усогласување со претходната студија за исплатливост, а потоа треба де се почне со изградба на патот до границата со Црна Гора. Првобитната траса на Јадранско-јонскиот автопат со кој преку Хрватска, БиХ, Црна Гора и Албанија, ќе се поврзе централна и западна Европа со Грција, беше планирана преку Дубровник, но на августовскиот состанок на премиерите на државите од регионот, беше одлучено таа траса од патот да поминува преку БиХ.

Испрати коментар

Scroll To Top