Куќата „Џефри“ е проектирана и изградена на самото место од страна на архитектот О’ Брајан и уметникот Манион. Оваа куќа во потполност е направена од слама и дрвени рамки во шумскиот парк Ардс во Ирска. Се работи за прва архитектонска инсталација во шумскиот парк, по нарачка на Градското собрание, а во соработка со Ирската архитектонска фондација (IAF – Irish Architecture Foundation) и е претставена на Фестивалот на уметноста на 27 јули.
Името го добива по езерото Џефри, кое се појавува на старите мапи, но денес не постои. Поставена на работ од шумата, оваа куќа пружа извонреден поглед на морето и плажата, но и на планините во заднина. Дизајнирана во склад со природата, куќата е издигната над земјата со што мали билки и цвеќиња можат да растат под самата куќа. Сите коси ѕидови, кои воедно се и покрив на градбата, се потпрени со дрвени столбови и обложени со слама.